Естетичкиот перформанс „Музички прашања“ од Бужаровски праизведен во Ниш

Од:

Најновото дело на Димитрије Бужаровски – естетичкиот перформанс „Музички прашања“, премиерно  беше изведен завчера на отворањето на интернационалната манифестација Балкански арт форум (БАРТФ) во Ниш, организиран од Факултетот за уметности при Нишкиот универзитет.

Теориско-музичкото дело е уникатен обид да се поврзат музичката теорија и пракса во единствен настан. Прашањата кои се однесуваат на суштината на музиката, нејзиниот творец, вреднувањето, минатото и иднината на музиката, се одговорени преку електронски колаж од над 170 фрагменти од музичкиот опус на Бужаровски и од  антологиски дела од светската музичка ризница.

Прашањата ги изговара компјутеризиран глас кој е испреплетен со музички одговори, при што дигиталното процесирање и користење на електронска музика ја обезбедува целината на ова дело. Делото користи и визуелна анимација најнапред на основниот текст на прашањата, а при крајот и од четири видео фрагменти. 

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска