Ен Луис Фишер ќе гостува на фестивалот за литература „ПРО-ЗА Балкан“

Од:

На второто издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“, кој ќе се одржува од 27-ми до 29 мај, годинава се воведува Скопје стипендиска програма. Организаторот на фестивалот, издавачката куќа „Икона“, соопшти дека ќе гостуваат издавачи, литературни агенти и скаути и директори и програмски менаџери на фестивали од Европа.

– Програмата е замислена како платформа која би помогнала да се засили промоцијата на писателите од Македонија. Целта на програмата е важните имиња од познатите фестивали и од светот на издаваштвото да ги запознаеме со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на литературата од Македонија, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и, во догледно време, од светот, соопшти „Икона“.

Организаторот најави дека на првата Скопје стипендиска програма ќе гостува Ен Луис Фишер, која е меѓу најпознатите литературни скаути во светот и работи за големи издавачи како „Пингвиг Рандом“, „Лафон“, „Рандом хаус“… На листата на „Гардијан“ таа е една од 50 најмоќни луѓе во светот на книгата во Велика Британија. Ен Луис Фишер работи и како скаут за филмската компанија „Хејдај“ која ги снимаше сите продолженија на „Хари Потер“, како и оскаровецот „Гравитација“.   Таа во Македонија ќе дојде по препорака од Интернационалниот литературен фестивал „Танпинар“ од Турција, фестивал-партнер на ПРО-ЗА Балкан.

– Литературните скаути се мошне ценети во светот и се сметаат за еднакво важни како и литературните агенти. Во светот не постои голем издавач што не работи со литературни скаути, а нив многу често ги ангажираат и литературните агенции, информира „Икона“.

Останатите членови на Скопје стипендиската програма ќе бидат соопштени за десетина дена. Планирано е гостите да се сретнат со повеќе издавачи од Македонија кои ќе им ги претстават нивните писатели, со што ќе добијат сознанија за македонската литература. Контактите  ќе овозможат и повеќе преводи на македонски изданија во странство.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска