Елена Ѓорѓиевска-Костадиновиќ – авторка на наградениот ракопис „Бунар“

Од:

Автор на книгата раскази во ракопис „Бунар“, која ја доби наградата  „Ѓорѓи Котевски“ од Конкурсот за необјавена книга раскази на Советот на Пелагонските културни средби – Новаци, е Елена Ѓорѓиевска-Костадиновиќ (1981) од Битола, соопшти организаторот на конкурсот.

Таа дипломирала на Педагошкиот факултет  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Организатор е и водител на радиоемисија на Универзитетското радио УКЛО ФМ – Битола. Пишува поезија, проза, критика и есеј и слика во техника масло на платно.

Добитник е на наградата „Владимир Костов“ за расказ, што ја доделува БИТЕФ-Битола, и на награда од конкурсот за расказ на Организацијата на жени.  Авторка е на поетската книга „Прегратка од стихови“, а во печат е нејзината втора книга поезија „Стрела кон невидливото“.

Наградениот „Бунар“ е нејзин прв прозен ракопис. Одлуката да ја добие наградата „Ѓорѓи Котевски“ едногласно ја донесе жири, во состав: Петре Димовски (претседател), Весна Мундишевска-Велјановска и Кире Неделковски (членови).

 – Овој ракопис се издвојува со длабоката инвентивност, вештото градење на книжевниот свет со прелевањето на имагинарното и реалното, каде раскажувањето тече лесно и ненаметливо, со една успешно воспоставена комуникација со читателот. Тоа е ракопис кој испитува, преиспитува, прашува, открива, создава, осознава… Овде филозофските размисли се поставени во форма на дијалог за животот во кој се испреплетени страдања, состраданија, човечки судбини, просторно неозаглавени реалности и фантазии…, оцени жирито.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска