Електро-акустичен концерт на Џијан Емин, Македонската филхармонија и ЗЏМ

Од:

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија, на 12 април (четврток) во 20 часот, ќе реализира Електро-акустичен концерт на Џијан Емин.

На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија, додека еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

Насловот на концертот на некој начин го објаснува и самиот концепт на концертот. Како што вели Џијан Емин, тој му дава одредена очекувана естетика која можеби веќе создава и одредена музичка слика кај слушателите.

„Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација.

Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури“, вели Емин.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска