Единаесет млади виолинисти од Северна Македонија, Србија и Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова, ќе настапат на седмиот концерт на млади виолинисти „Виолин фест“ кој вечер од 20 часот ќе се одржи во камерната сала на Филхармонија.
Целта на организирањето на концертот е да им се овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта.
Организатор е Владимир Костов, концерт-мајстор на Филхармонијата, со поддршка од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.