Еден од најдобрите фадо вокалисти со Филхармонијата во Универзална

Од:

Исклучителниот фадо вокалист Камане и неговиот бенд вечер во Универзална сала ќе одржат концерт, придружувани од Македонската филхармонија.

Камане ќе го претстави проектот „Најдоброто од 1995-2013“ што е пресек на неговите најдобри и најпопуларни композиции симени на 10 албуми за продукциската куќа ЕМИ и наградени со бројни призанија.

Под диригентство на Борјан Цанев, ќе настапат Хозе Мануел Нето на португалска гитара, Карлос Мануел Проенса на фадо виола и Пауло Паз на котрабас.

Камане, предводник на новата генерација фадо вокалисти, медиумите ширум светот го опишуваат како „најголемиот фадо пејач на нашето време“.

Специфичниот стил на фадо музиката има свои следбеници низ целиот свет, а Камане смета дека „кога фадо музиката се изведува со вистинска, искрена емоција – таа ги надминува сите јазични бариери“.

Билетите за концерот се во продажба на билетарницата на Макеоднската филхармонија во Дом на АРМ.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска