„Еден месец насело“ гостува во Црногорско народно позориште

Од:

Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“ кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на први ноември ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица, Црна Гора.

„Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019, како и по повод прославата за Денот на Црногорскиот народен театар.

Во овој исклучителен проект кој својата премиерна изведба ја имаше на 29-ти септември минатата година игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

Во процесот на претставата соработуваа уметници меѓу кои Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф и композитор на музиката е Љупчо Константинов.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“