Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран”, во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен синоќа се одржа концерт „Џорџ Гершвин како инспирација”.
Настапија певиците Маја Митровска и Марина Коруновска во пијано придружба на Александра Јанковска, сите професорки во Државното музичко училиште во Битола.
Концертот во Ресен беше трет, по изведбите во Демир Хисар и Крушево, и посветен на одбележувањето 80 години од смртта на познатиот американски композитор.