Џијан Емин под отворено небо ќе диригира во Будимпешта

Од:

Македонскиот диригент Џијан Емин на 2 јули ќе гостува на „Летниот фестивал“ во Будимпешта. Маестро Емин ќе ќе диригира со оркестарот „Данубија Оркестра Обуда“, а под отворено небо ќе прозвучат едни од најпопуларните француски шансони.

Џијан Емин доби покана да гостува во унгарската метропола по успешниот концерт на Македонската филхармонија „Париз те сакам“, кој се одржа на 14 февруари по повод Денот на вљубените во Македонската опера и балет, а на кој беа изведени француски шансони со негови оркестрации.

Како вокалистка и во Будимпешта ќе се претстави познатата унгарска џез-уметница Миртил, која ја воодушеви скопската публика на концертот „Париз те сакам“. Sous le ciel de Paris, La Vie en rose, Padam padam, Paroles, Paroles, L’hymne a l’amour, Milord, Ne me quitte pas, Non, je ne regretted Rien…, се само дел од композициите кои што ќе ги слушне и унгарската публика.

Концертот на Џијан Емин во Будимпешта следува по неговиот настап како диригент и оркестратор на десеттото издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“, кое годинава беше посветено на култната група „Пинк Флојд“.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска