Џез-хитови со Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија на ексклузивниот празничен концерт утревечер во Македонскиот народен театар, ќе и понуди на публиката дел од најдобрите џез-композиции, големите хитови и џез-класици, аранжирани за симфониски оркестар и вокал.

Оркестарот ќе го води Емин Џијан, заслужен за аранжманите на некои од композициите, а солист е вокалистката Марија Димитријевиќ.

На концертот ќе бидат изведени џез-хитовите „Take five“, „Love Me or Leave Me“, „Sing, Sing, Sing“, „Winter wonderland“, „Let it Snow“, „Stardust“, „Smile“, „Night and Day“, „I’ve Got You Under My Skin“, „Let’s dance“, „But Beautiful“…, на големите џез-автори Пол Дезмонд, Кол Портер, Џул Стајн…

На сцената на Македонската филхармонија во ново руво ќе заживеат и композициите на Нина Симон, Ела Фицџералд, Чет Бејкер, Френк Синатра.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска