Движење БЕСА: И ова година продолжува дискриминацијата на албанската култура

Од:

Од движењето Беса денеска реагираа на годишната програма за поддршка на културата, за која велат дека уште еднаш потврдила оти финансиските средства кои со години наназад требало да им бидат доделувани на промоторите на албанската традиција, уметност, книга и култура и понатаму продолжуваат да завршуваат во џебовите на семејствата на владините претставници.

„Оваа практика дополнително ја продлабочува дискриминацијата, која, освен од страна на државниот систем, продолжува и од страна на незаситените албански функционери“, велат од Беса.

Оттаму додаваат дека се потврдуваат нивните предупредувања дека не може да има реформаторска влада со криминогени елементи наследени од претходната.

„Кој знае, можеби и новите владини претставници како модел за функционирање ги имаат земено корумпираните функционери на претходниот режим, дел од кои ги имаат и за колеги“, стои во соопштението на Беса.

Од движењето ги охрабруваат органите на правдата за истражување на корупција веднаш да преземат мерки, санкционирајќи ја максимално оваа, како што велат озлогласена практика. Исто така го повикува министерот за култура, доколку сака да докаже дека се разликува од поранешните министри за култура, да ја откаже програмата и да се извини што некој повторно интервенирал за дискриминација на албанската култура.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи