Две претстави на симфониската бајка „Петар и волкот“во Кичево

Од:

Културен настан со две детски претсави денеска ќе се одржи пред Центарот за култура на Кичево, по повод 11 септември – Денот на ослободувањето на оваа општина.

Ќе се изведе детската симфониска бајка „Петар и волкот“ во организација на Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево, а со поддршка на Министерството за култура.

„Петар и волкот” е музичко дело напишано од Сергеј Прокофиев во 1936 година. Нараторот им раскажува приказна на децата, додека оркестарот ја илустрира така и децата се запознаваат со музичките инструменти и нивните карактеристики.

„Петар и волкот” е една од најпознатите дела на Прокофиев и едно од најчесто изведуваните дела на целиот класичен репертоар , вели Маја Николоска Силјаноска од Центарот за култура во Кичево.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“