Две награди за Блаже Миневски на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“

Од:

Блаже Миневски доби две награди за краток расказ на конкурсот на весникот „Нова Македонија за 2015 година. Писателот доби прва награда за расказот „Жи­ва ду­ша“ и втора награда за „Сед­ми­от ден“. Тре­тата на­гра­да на годинашниот конкурс ја доби Иво Ми­тев, автор на расказот „Не­бес­на фо­то­гра­фи­ја“.

Одлуката за наградите ја донесе жири во состав Александар Прокопиев, селектор, и Весна Дамчевска, уредник во рубриката Култура во „Нова Македонија“.

Жирито пред­ло­жи и три раскази за откуп: „Ви­со­чи­ни­те на Фе­ликс“ на  Мар­та Мар­ко­ска, „Две­те длан­ки“ на  Јо­ва­на Ма­тев­ска и „На­и­ма­рот“ од Пе­тре Ди­мов­ски.

– По ед­но­ме­сеч­но­то со­би­ра­ње, разг­ле­ду­ва­ње и пре­про­чи­ту­ва­ње на рас­ка­зи­те што беа ис­пратени на Конкурсот за краток расказ на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, жирито го до­не­се след­ни­от зак­лу­чок – кон­кур­сот бе­ше ус­пе­шен, би­деј­ќи од­ѕи­вот го­ди­на­ва бе­ше за­до­во­ли­те­лен – при­стиг­наа вкуп­но 180 ра­ко­пи­си, по­ве­ќе од ла­ни, а мно­гу од нив се ква­ли­тет­ни и ги за­до­во­лу­ва­ат кри­те­ри­у­ми­те на из­др­жа­на на­ра­тив­на стру­кту­ра и ве­штина во изра­зот. Не­кол­ку авто­ри, по ква­ли­те­тот на сво­и­те де­ла, се изд­во­и­ја од дру­ги­те, образложи жирито.

За првонаградениот расказ (Жива душа) жирито наведува дека во него е „очигледно мајсторското умеење низ жива наративна форма да се преплетат познатите јунаци (имиња) од класичната руска литература на Толстој, со еден невообичаен, иновативен начин, тие да се претопат во приказна за љубовта и за болката“.

– Моралната порака на овој расказ е силна, но не му пречи на дејството, туку напротив ја засилува вистината за човековото живеење, стои во одлуката на жирито.

На­гра­де­ни­те рас­ка­зи редакцијата на „Нова Македонија“  ќе ги об­ја­ву­ва во при­ло­гот за кул­ту­ра ЛИК, кој из­ле­гу­ва се­ко­ја сре­да.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска