Две изложби на уметничка фотографија во Куманово

Од:

Две изложби на уметничка фотографија беа отворени денеска во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово.

„Улица 2015“ насловена е републичката изложба на уметнички фотографии на која учествуваа автори од државата.Љубителите на уметничката фотографија, денеска имаа можност да проследат и фотографии од веќе традиционалната изложба „Мајски салон 2015“ која ја организира Фото Кино Клуб „Козјак“ од Куманово и на која свои дела презентираат автори од градот.Уметниците на републикчката изложба доставиле фотографии на две теми, дигитална и слободна.Стручното жири,Марјан Јаневски-Шалајко,кандидат мајстор на Фото Сојуз на Македонија,Зоран Андоновски,фотограф прва класа (Тетово) и Дејан Ангеловски,фотограф втора класа доделија дванесет награди во двете категории.

– Покрај награди доделени се и дипломи за најуспешните, изјави членот на стручното жири, Дејан Ангеловски.

Изложбата „Улица 2015„ опфаќа две теми дигитална и слободна тема.

– Од пристигнатите 283 дела од дигиталната тема од вкупно 60 автори, 96 беа примени,додека на слободна тема или на „принт„ пристигнаа 214 дела од 49 автори,од кои поминаа 83 дела, изјави денеска Милош Нешковски, член на извршниот одбор на Фото Кино Клуб „Козјак“.

Тој додаде дека на републичката изложба собрани се најдобрите автори на уметничките фотографии од државава, а оти на „Мајскиот салон“,учествуваат најдобрите членови на клубот.
Изложбите се реализираат со поддршка на Министертвото за култура,Фото Сојуз на Македонија и Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ Куманово.Изложбата во Куманово ќе биде поставена наредната недела.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи