Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената

Од:

Од денеска до 8 март, но и текот на месец мај ќе се организира дванаесетото издание на настанот „Вечерите на женски права“, кој нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жените – 8 Март, и тоа на различни локации низ Скопје.

Овој настан традиционално се одржува уште од 2010 година, а целта е преку уметност, филм и музика да се поттикнат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Годинава, „Вечерите“ се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19“.

Како што соопштија организаторите, претходните изданија покажале дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост.

Поточно, настанот од 6 до 8 март ќе се одржи во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, а на крајот на мај во Кинотеката.

Овогодинешното издание е организирано од Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.

Би можело да ве интересира

Марш за женски права: Жените и девојките се соочуваат со колективна негрижа

Ана Ололовска

Марш за женски права во Скопје: „Не сакаме тава, сакаме права“

Ана Ололовска

По 13-ти пат „Вечери на женски права“ на повеќе локации во Скопје

Ана Ололовска

Проекција на три документарни филмови во Кинотека во рамки на „Вечери на женски права“

Ана Ололовска

Марш за женски права: Родовите стереотипи да се решаваат во семејството, образованието и во институциите

А1он

Мондини де Фокатис стана првата жена директор на осигурителната компанија „Адмирал“

А1он