„Дванаесет руски поети“ во издание на „Поетики“

Од:

Во издание на Поетики – Канцеларија на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на електронското списание Разноликост/Diversity, деновиве излезе од печат книгата „Дванаесет руски поети“, како дел од проектот „Руската поетска авангарда на македонски јазик (руско – македонски дијалози)“.

Изборот од современата руска авангардна поезија го изработи Екатерина Турчанинова, преведувач од германски јазик и секретар на Рускиот ПЕН.

Во овој избор се застапени поетите: Ина Лисњанска (1928), Евгениј Рејн (1935), Олег Чухонцев (1938), Владимир Алејников (1946), Јуриј Кублановски (1947), Алексеј Аљохин (1949), Ефтим Бершин (1951), Сергеј Гандлевски (1952), Олесја Николаева (1955), Евгениј Чиргин (1961), Виктор Куле (1962) и Максим Амелин (1970).

Препевот од руски на македонски јазик го направи Тања Урошевиќ, македонски раскажувач и преведувач, која е автор на поговорот. Предговор кон ова издание напиша академик Катица Ќулавкова, иницијатор и реализатор на овој проект. Дизајнот на кориците е на Васил Филипов, а на книгата на Небојша Бане Галиќ.

Руси 2

Промоцијата на книгата е планирана за почетокот на јуни, во рамки на Меѓународната ПЕН конференција во Скопје, со учество на приредувачот на антологијата и на руски поети. За време на нивниот престој ќе биде организирана и работилница за македонско – руската книжевна комуникација денес. Книгата „Дванаесет руски поети“ може да се најде во речиси сите книжарници во Скопје, по пристапна цена.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска