Дуото Потевска Попивода и Павловски настапи во Софија

Од:

Македонските музички уметници Емилија Потевска Попивода и Бранко Павловски, кои синоќа настапија во музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, со долготрајни аплаузи беа вратени на бис.

На програмата „Џез импресии“ за пијано и кларинет, беа изведени „Рапсодијата во сино“ од Џорџ Гершвин, „Историјата на тангото“ од Астор Пјацола, „Сонатата“ од Леонард Бернштајн и „Кончертино“ од Анте Гргин.

На концертот, освен претставници од дипломатскиот кор, беа присутни и бројни бугарски и странски музички уметници. Во име на Амбасадата на Република Македонија во Софија, македонските уметници ги поздрави и претстави директорот на македонскиот центар во Софија Васко Шутаров.

Концертот на Потевска Попивода и Павловски е дел од годишната програма на центарот за 2016 година и финансиски е поддржан од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска