Дуња Иванова и Исмет Вејсели на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика во Тирана

Од:

Пијанистката Дуња Иванова и тенорот Исмет Вејсели в четврток ќе одржат целовечерен концерт во концертната сала на Универзитетот за уметност во Тирана, во рамки на второто издание на Балканскиот фестивал на современа музика.

На програмата се дела од современи музички автори: Најман, Сакамото, Еинауди, Глас, Бан, Димушевски, Петровски, Сати, Пуланк, Шенберг, Толе и Сина.

Целта на настанот, организиран од Здружението на албански композитори, е да ја препознае соработката меѓу музичарите од Балканот и развојот на современата музика во регионот.

На овој фестивал, балканските земји ќе бидат промотори на современата музика преку реализација на пет концерти на кои, покрај македонските претставници, ќе настапат и музички уметници од Италија, Словенија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска