Во Македонската опера и балет првпат во Македонија денеска и утре ќе гостува Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, кој ќе ја изведе претставата „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски.
Балетот е основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 почнал да одржува претстави низ оперските и балетските сали низ светот.
На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави „Лебедово езеро, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“… кои се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија.