Државниот архив ќе се сели на нова локација

Од:

Државниот архив ќе се сели на нова локација. Причина за тоа е честото поплавување на објектот кој се наоѓа на кејот на Вардар. Поплавувањето се случува при секој пообилен дожд, поради што се нанесува сериозна штета на документацијата во Архивот, кој функционира во склоп на Археолошкиот музеј вреден 42 милиони евра, а кој беше изграден како дел проектот „Скопје 2014“.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски денеска најави дека веќе се бара просторно решение за Архивот и обвини за нестручност при изведбата на новата зграда. Прокиснувањето ги загрозувала и документите кои ги чува државниот архив.

„За жал ова е уште еден доказ за нестручно изведен објект. Заедно со Владата размислуваме за нова локација за Државниот архив. Бараме нова зграда оти во овој објект на Археолошкиот музеј при секој дожд се соочуваме со прокиснување и се загрозува архивската граѓа. Комплетно ќе се преселат и вработените кои сега работат во несоодветни услови и целокупната документација која ја поседува Архивот. Се уште немаме одлука каде ќе се сели Архивот оти убаво треба да ги разгледаме сите опции не би сакале да имаме домино ефект, да решиме еден проблем, а да создадеме нов“, рече Алаѓозовски.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи