Државниот архив ја презеде личната архива на Ефтим Гашев

Од:

Државниот архив на Република Македонија на 28 декември 2015 година ја презеде личната архива на Ефтим Гашев, писател, публицист, жртва на политичкиот терор во СР Македонија и политички затвореник во КПД „Идризово“ во периодот 1945 – 1953 г. Гашев е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др.

Фондот „Ефтим Гашев“ го опфаќа периодот 1941 – 2015 година и содржи: лични предмети од „Идризово“, лични документи, 3 компакт-диска со радио и ТВ-настапи и интервјуа, публикации, поезија, монодрами, колумни и статии од дневниот печат, преписка и фотографии. Господин Ефтим Гашев постави услов фондот да се користи само со негова дозвола.

Со приемот на фондот „Ефтим Гашев“ во Државниот архив се очекува да се расветлат уште некои непознати моменти од македонската повоена историја особено со оглед на тоа дека создавачот на фондот од 1944 година бил член на револуционерната група на ВМРО во Југославија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска