„Дружината на Лајко Сезнајко“ в недела на Фестивалот „Силјан Штркот“ во Прилеп

Од:

Детската едукативна интерактивна претстава „Дружината на Лајко Сезнајко”, која е дел од проектот „Животните од фармата“, реализиран од Здружението „Видливост“ од Струмица, а финансиски поддржан од Општина Струмица, в недела ќе се игра во Прилеп, информираше актерката Јулија Милкова.

-Како дел од одржливост на проектот, кој беше реализиран во 2018 година, деновиве претставата се обновува за да учествува на театарскиот фестивал за деца „Силијан Штркот“ во Прилеп, рече Милкова.

Претставата досега e одиграна пред деца во градинките во Струмица и ученици во основните училишта, а гостуваше во Валандово и Радовиш.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“