Драмско читање на текстови од пет млади македонски драматурзи

Од:

Во организација на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје беше реализиран проектот „Млада македонска драматургија“ – драмско читање на пет драмски извадоци од пет млади македонски драматурзи: Стефан Марковски, Мона Паскалова, Марина Трајковска, Артин Селмани и Јован Саркањац.

Во извадоците, како што соопшти организаторот, кои беа читани од актерите Теоман Максут и Благица Димитровска, провејуваат урбани теми со различно обработени конфликти на релација машки-женски ликови.

Проектот беше реализиран во две фази, односно беа снимени видеа од настапот на актерите во просториите на Домот и од драмското читање од отворен тип реализирано преку зум платформата.

Текстовите на Трајковска, Селмани, Саркањац, Паскалова и Марковски беа читани пред две години во Софија од поранешни или актуелни студенти на НАТФИЗ (Национална академија за театарска и филмска уметност), а целиот настан беше проследен со голем интерес од софиската публика.

-Секој од петте текста одразува длабоко лична авторска драмска поетика, но она што ги поврзува во единство е нивната урбаност и разработена психологија, односно развојност на конфликтите кои во сите пет случаи се врзуваат за машко-женските контрастно поставени светови, љубовните триаголници, длабински понирајќи до суштествената дихотомија во перцепциите за Ерос и Танатос, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“