Драмски театар Скопје на фестивалот „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“

Од:

Драмски театар Скопје вечерва, 12 октомври со монодрамата „Кармен“ ќе гостува на фестивалот „Мал театарски формат“ кој се одржува од 11 до 15 октомври 2022 година во Зајечар.

Фестивалот го бележи своето 5-то издание, а ќе се изведат шест монодрами и дуодрами од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, својата премиера ја имаше во мај 2021 година.

Улогата на Кармен ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ – Пројковска за Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

Би можело да ве интересира

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Премиера на претставата „Драми на принцезите“ утре во Драмски театар Скопје

Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во Словенија