Драмски театар Скопје ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина од 20 до 27 јуни, со претставата „Диши“ (на 22. јуни).
Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.
Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.
НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.