Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира ревијален поетри-слем и претставување на млада генерација автори.
На литературната средба во ДПМ со стихови ќе се претстават поетите: Елена Пренџова, Филип Клетников, Марина Мијаковска, Љупка Антеска, Жаклина Филипова-Свеќаровска, Ирена Јурчева, Наде Поп-Гаврилова, Кети Јованова и Константин Карев.
– Нивното присуство на поетската сцена, со своите вредности и специфики, се посилно го свртува вниманието на книжевната јавност и критиката… Целта на ова поетско дружење е да се даде простор за презентација на младите, но и да се гради мостот на континуиран развој меѓу различните поетски генерации, соопшти ДПМ.