Книгоиздателството „Матица македонска“ денеска ќе подари двесте книги на библиотеката при Духовно – културниот центар во Лешочкиот манастир.
Во колекцијата застапени се дела од современите македонски писатели: Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Божин Павловски, Радован Павловски, Милан Ѓурчинов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Раде Силјан, Веле Смилевски, Славе Ѓорго Димовски, Владимир Костов, Трајче Кацаров, Јован Павловски, Јован Дамјановски, Петре Димовски, Добре Тодоровски, Игор Крајчев и други.
Во рамки на доделувањето, во манастирскиот комплекс ќе биде промоворан и романот „Мирисот на лагата“ од современиот македонски писател Јован Дамјановски, во издание на „Панили“ од Скопје.
За делото на писателот, кој живее и твори во Тетово, ќе говори поетот и литературен критичар, Раде Силјан.