Документарни филмови во младинските кино-клубови низ Македонија

Од:

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ и Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе организираат бесплатни филмски проекции во 12 градови низ Македонија, кои ќе се прикажуваат во младинските дебатни кино-клубови. Во наредните седум месеци најавија  84 филмски проекции.

Циклусот ќе почне денeска во Неготино со проекција на австриско-германскиот документарен филм „Алфабет“ на Ервин Вагенхофер од 2013 година.

Филмските проекции ќе бидат бесплатни и ќе се одржуваат еднаш месечно во: Неготино, Велес, Кичево, Дебар, Кратово, Битола, Куманово, Струга, Тетово, Делчево, Ресен, Гевгелија и во Скопје. Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy – Вашингтон, САД.

– Ризницата на креативни документарни филмови ја отвораме за да си го пробистриме умот и изостриме сетилото за убаво, за да видиме и научиме како е другде и да ја децентрализираме културата овде. Проектот се реализира во дебатните клубови на МОФ со цел да се подигне свесноста за човековите права со посредство на креативната документаристика, информира „Македокс“.

Шестото издание на „Македокс“ ќе се одржува од 20-ти до 26 јуни 2015 во Скопје. Фестивалот на креативен документарен филм беше основан во 2010 година со цел да ја претстави и промовира креативната документарна филмска уметност.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ