Документарни филмови од Грузија првпат на ФАДФ „Камера 300“-Битола

Од:

Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ го заврши жирирањето на пристигнатите филмови од 11 држави во Европа, а конечните резултати ќе бидат објавени кон крајот на идната недела.

Од ФАДФ „Камера 300“ соопштуваат дека годинава првпат се натпреваруваат и автори на документарни филмови од Грузија.

– Годинава жирирањето на филмовите се врши порано и е согласно пропозициите на светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА. Оваа година пристигнаа 43 филмови од 11 држави од Европа, а првпат имаме филмови и од Грузија. Јавноста треба да биде запозната дека годинава се навршуваат 70 години од формирањето на битолската Народна техника во која како едукатор бил и Милтон Манаки, и исто така се навршуваат 70 години од снимањето на првиот документарен филм под наслов „Првиот оџак под Пелистер“, изјави Стефан Хаџиантоновски, член на Советот на фестивалот.

Според востановената традиција на ФАДФ „Камера 300“ ќе бидат доделени Гран при плакета „Милтон Манаки“, плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, плакета за најдобра репортажа и други награди и признанија за кои ќе одлучува меѓународно жири предводено од Стефан Сидовски и членовите Недељко Деспотовиќ од Србија, Деметриос Павлидес од Србија, Венелин Грамадски од Бугарија и Мишо Нетков од Македонија.

Би можело да ве интересира

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис