Документарен филм за првата експедиција на планинарите од Охрид во освојувањето на врвот на Европа

Од:

Група од деветмина планинари ентузијасти од Охрид, членови на Планинарското друштво „Галичица“ во далечната 1980 година заминаа на експедиција во освојување на Мон Блан, највисокиот врв во западниот дел на Европа. Четириесет години подоцна нивниот подвиг со бројни ретки материјали го опишува документарниот филм „Од Белото езеро до Белата планина “, снимен како документ што ќе сведочи за тоа какви биле почетоците и развојот на планинарењето како рекреативен спорт во Охрид, но и во земјава.

Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев се охриѓаните кои се одважија да тргнат на тој несекојдневен пат за да ги одмерат силите со планината, но и со самите себеси.

Гледано од оваа временска дистанца искачувањето на 4.810 метри високиот Мон Блан можеби и не е толку тешко, но планинарењето во тоа време со најсkромни средства, со елементарна опрема и речиси никаква логистичка поддршка не е ништо друго туку вистински подвиг.

Протагонистите на експедицијата со свежи сеќавања за опасностите со кои се соочувале при искачувањето, од силните налети на ветар, навеви на снег, се до психичкиот момент кога човек треба да се исправи пред огромниот планински масив. Велат дека искачувањето на Мон Блан во тоа време било многу поразлично отколку што е тоа денес. Искачувањето денес е многу поедноставено, има огромен број водичи со софистицирана опрема за планинарење, но и во такви поедноставени околности, освојувањето на врвот на Европа е голем планинарски подвиг што бара натчовечки напори.

Људмил Цветаноски на денешната прес-конференција, свикана по повод презентацијата на документарецот, говореше дека на самата експедиција и претходеле долги, напорни подготовки.

– Иако со најскромна опрема успеавме да го освоиме Мон Блан. Нашиот успех во најголем дел се должи токму на тие интензивни кондициски подготовки што многу ни помогнаа во искачувањето. Покрај личната сатисфакција од постигнатиот успех, задоволството е уште поголемо што на тој начин сме направиле нешто за развој на планинарењето, па и на алпинизмот во Охрид, со екипи и поединци од градот кои денес ги освојуваат највисоките светски врвови, рече Цветаноски.

На врвот на Европа се искачија Љупчо поп Стефанија, Миле Битрак, Људмил Цветаноски и Климе Волкан, после неколкудневна борба со елементите.

– Чувството на сите планинари таму е дека навистина си дошол до некаква победа. Природата не ја победуваш, но победата се однесува на самиот себеси, си докажал дека можеш да направиш нешто со еден таков потфат. Емоциите беа силни, се гушкавме, запеавме песна, изјави Љупчо поп Стефанија.

Екипата на Планинарскиот клуб „Галичица“ е третата од Македонија што ги освоила врвот Мон Блан, после оние на клубовите од Скопје и Битола. Некои од членовите на клубот подоцна ќе бидат дел и од државните аплпинистички експедииции што ги освојуваа и највисоките врвови во светот.

Документарнот филм „Од Белото езеро до Белата планина“ е снимен на иницијатива на Кирил Димоф – Гафиљ, сработен според сценарио и режија на Сашо Митаноски. Премиерно ќе биде прикажан пред јавноста в недела на 26 јули.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска