Документарен филм посветен на Даница Ручигај премиерно во ДПМ

Од:

„Соновите не заспиваат“ е насловот на документарниот филм посветен на македонската поетеса Даница Ручигај (1934 – 1963) кој премиерно ќе биде прикажан во Друштвото на писателите на Македонија на 25 мај во 12 часот.

Автор на филмот е Катица Трајковска Абјаниќ, а режисер Мишо Рогановиќ.

Во филмот „Соновите не заспиваат“, реализиран во продукција на Македонската радио-телевизија, за животот и поетското творештво на Даница Ручигај зборуваат десетина автори, професори, книжевни критичари и нејзини современици кои лично ја познавале.
Даница Ручигај е автор на стихозбирките „Сребрени ноќни игри“ и „Заробеници на ветрот“, од кои втората е објавена постхумно.

Поетесата трагично загина, на 29-годишна возраст, во скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 година.

Филмот „Соновите не заспиваат“ ќе биде прикажан на свеченоста во ДПМ по повод врачувањето на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра стихозбирка од поетеса, членка на македонската писателска асоцијација. Актуелна добитничка на ова признание е Љерка Тот Наумова за стихозбирката „Зародиш на повикување“.

Би можело да ве интересира

Откриена тајната на американскиот претседател: „Спиеше со повеќе мажи отколку жени“

Предраг Петровиќ

Секс, лаги и скандали: На Нетфликс пристигна серија за веб-страница која растури многу бракови

Предраг Петровиќ

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Почна снимањето на документарецот за Еми Вајнхаус

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска