Документарен филм „Европските вредности на младите и културата во Битола“

Од:

Здружението за европска интеграција „Европска гледна точка“ од Битола во кое членуваат студенти што студираат европски интеграции за менаџирање европски проекти, вечер, во рамки на „БитФест“, ќе промовира документарен филм и изложба на тема „Европските вредности на младите и културата во Битола“.

Според режисерот Дејан Петровски, документарецот ги изразува и рефлектира желбите и тенденциите на младите од Битола да бидат дел од современото европско семејство.

– Можноста да се патува и да се доживее Европа, значи да се биде во тек со модерните европски трендови и текови. Враќањето назад во Битола и комбинацијата на новото и традиционалното, претставува запис во континуитет на генетскиот код на европска Битола. Документарниот филм, всушност претставува видување на европските вредности и културата на Битола низ призмата на доживеаното на други европски метрополи во втората декада на 21 век. Во филмот, младите битолчани ги презентираат своите искуства од учества на некој настан во Европа, ги споделуваат со публиката но и снимените фотографии на познати европски локации со промоција на македонски симболи, вели режисерот Петровски.

Документарниот филм и изложбата со фотографии на тема „Европските вредности на младите и културата во Битола“ се културен настан кој ќе се одржи вечер во изложбениот салон „Магаза“ под покровителство на градоначалникот Владимир Талески.

Би можело да ве интересира

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски