„Доилката“, нов роман на Лилјана Пандева

Од:

„Доилката“, новиот роман на македонската писателка Лилјана Пандева утре ќе биде промовиран во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

За делото ќе зборуваат професорите Кристина Николовска и Ермис Лафазановски.

Романот е во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

– Во романот се раскажува една вонвременска љубовна приказна сместена во историски рамки, која ни открива непознати детали од македонската историја (40 денови од потрагата по кралот Пребонд). Тоа е возбудлива книга, полнокрвна, поетична, со прозрачни лирски пасажи, јазично слоевита и со нагласена драмска тензија, која длабоко нурнува во просторите на писателовата имагинација. Со романот „Доилката“, кој слободно може да се нарече химна на љубовта и страста, Пандева веќе е врвот на македонското раскажувачко мајсторство, вели издавачот.

Според Лафазановски, историските факти за последните денови од животот на Пребонд, кралот на средновековната држава Македонска Славинија и послужиле на Лилјана Пандева како подлога за градење една величествена љубовна приказна полна со напнати страсти, еротски набој и прекрасни наративни пејзажи.

Кристина Николовска смета дека се работи за вонсериски роман, за морничава и нежна вонвременска приказна за љубовта.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска