Доер и Гуиргис добитници на Пулицер за книжевност

Од:

Ентони Доер, писател на емотивни и интимни драми за Втората светска војна – All Light We Cannot See освои Пулицерова награда во областа на фикцијата.

Жирито наведува дека Доер наградата ја добил за кратки елегантни поглавја кои истражуваат човекова природа и контрадикторната моќ на технологијата.

Пулицер за драма доби Стивен Гуиргис за делото Between Riverside and Crazy. Во прашање е мрачна комедија која поставува прашња за животот и смртта. Во неа се зборува за поранешен полицаец кој во својата куќа прави засолниште за деца без родители кои стануваат негово сурогат семејство.

Пулицер за стручно дело отиде во рацете на Елизабет Колберт и The Sixth Extinction: An Unnatural History.

Дејвид И. Кертзер за делото The Pope and Mussolini: The Secret History of Pius XI and the Rise of Fascism in Europe, доби Пулицерова награда за биографија додека за историја награда доби делото Encounters at the Heart of the World: A History of the Mandan People, на Елизабет Фен.

Пулицерова награда за поезија доби Грегори Пардло за Digest, додека за музика доби Џулија Волф и Anthracite Fields.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска