Доделување на наградите за најдобро писмо

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе бидат доделени наградите од конкурсот за најдобро писмо „Напиши писмо со ракопис на срцето“ на слободна тема, кој во февруари го распиша Агенцијата за пошти.

Жирито составено од писателите и публицисти Венко Андоновски, Бранко Цветкоски, Братислав Димитровски, Стојан Тарапуза, Марија Таушанска, Џабир Ахемти и Горјан Петревски избра девет најдобри писма во сите категории предвидени со конкурсот и пофали уште 26 пристгнати писма.

– Целта на конкурсот е да се обнови традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон интимната димензија на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската цивилизација има оставено неизбришливи траги, соопшти Агенцијата за пошти.

Наградите ќе ги доделуваат писателите Венко Андоновски, Стојан Тарапуза, Горјан Петрески, уредничката на „Колибри“ Марија Таушанска и директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски. Музички гости ќе бидат Сара Мејс и Влатко Илиевски.

На настанот ќе присуствуваат ученици од повеќе основи училишта од Скопје кои ќе учествуваат во креативни работилници со свои ликовни творби.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска