Доделување на наградата „Виртуози“

Од:

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде доделена првата награда „Виртуози“ што ја иницираа Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.

Номинирани се по три уметници, ансамбли или манифестации од музичко-сценската уметност во десет категории: Музички организатор, Камерен ансамбл, Музички публицист, Млад музички уметник, Голем ансамбл, Музичка манифестација, Музичко-сценски уметник, Композитор, Меѓународна афирмација и Музички изведувач.

За наградените одлучува 11-члено стручно жири – музички и балетски уметници, педагози и теоретичари.  Наградата е статуетка од авторката Виолета Коцев, која беше избрана на конкурс.

Според претседателот на СОКОМ Сони Петровски, целта на манифестацијата и наградата „Виртуози“ е да им се даде признание на уметниците, да се поттикнуваат на креативни проекти и да се афирмира класичната музика која е малку застапена во медиумите.

Манифестацијата ќе ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а наградите ќе ги доделат: Мелпомени Корнети, Велко Тодевски, Влатко Стефановски, Љубомир Бранѓолица, Оливер Белопета, Милка Ефтимова, Владимир Георгиевски, Драган Даутовски и Глигор Чемерски.

Како што соопшти СОКОМ, пред публиката во МОБ ќе настапат и Женскиот хор при Младинскиот културен центар, младата виолинистка Ева Богоевска, пејачите Иван Наумовски и Наде Талевска и балерините Викторија Илиоска и Елена Ристеска.

Би можело да ве интересира

Виолинистката Естер Ју ќе настапи на концертот на Филхармонијата

Ана Ололовска

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонија

Ана Ололовска

Возбудливото „Ана Кап трио“ во Камерната сала на Филхармонија

Ана Ололовска

„Петар Пан“ во НОБ, „Штурецот и мравката“ во Филхармонија

Ана Ололовска

Речиси распродадени билетите за детскиот концерт и за „Бакнеж и танго“

Ана Ололовска

„Виолински класици“ на вечерашниот концерт на Филхармонијата

Ана Ололовска

Leave a Comment

10 − 10 =