Доделување на меѓународните награди Ана Франк и Златен прстен

Од:

На Меѓународниот саем на книгата во Скопје, денеска ќе бидат врачени меѓународните награди Ана Франк и Златен прстен.

Наградата Ана Франк ќе ја прими Сунчица Дениќ, декан на Педагошкиот факултет од Врање (Србија), додека наградата Златен прстен ќе му биде врачена на познатиот македонски поет, критичар и есеист Санде Стојчевски.

На средбата, на штандот на издавачката куќа „Феникс“, ќе биде претставен и истакнатиот српски поет Мирослав Михаиловиќ, основач и координатор на манифестацијата Борина недела во Врање.

Промоцијата ќе биде заокружена со претставување и на најновата поетска книга „Гулаб и ноќ“ од Христо Петрески, во издание на „Феникс“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска