Доделување на државната награда „23 Октомври“

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата ќе им биде врачена на тимот за трансплантација на црн дроб (проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска) и на универзитетски професор Африм Османи.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата ќе ја добијат визуелниот уметник, проф. м-р Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Целта на секоја наредна генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот

Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат

Mакедонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Поетот Славе Димоски добитник на наградата „23 Октомври“

Доделена државната награда „23 Октомври“

Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација