Доделена наградата „Книжевна далга“

Од:

Со доделување на наградата „Книжевна далга“ на српскиот авторот Миљурко Вукадиновиќ, во дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“ денеска заврши второто издание на „Струшките книжевни средби“.

Петко Шипинкароски, член на жирито, истакна дека Вукадиновиќ наградата ја добил поради, како што рече,  големи дострели во литературата и развој на пријателството и соработка на автори од Србија и Македонија. Според него, авторот е голем пријател на Струга, но и на Македонија.

– Наградата „Книжевна далга“ е врв на она што Вукадиновиќ го постигнува во соработката, развојот и унапредувањето на своите меѓучовечки односи на полето на културата и разбирањето меѓу авторите од Србија и Македонија, рече Шипинкароски.

Неговото творештво, додаде, е шаренолико.  Пишува на повеќе јазици, српски, романски, македонски,… и е добитник на повеќе од 20 признанија за неговата книжевна и преведувачка работа.

На годинашната манифестација „Струшки книжевно средби“ учествуваа триесеттина поети од Србија, Бугарија, Албанија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска