Доделена државната награда „23 Октомври“

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им беше врачена на тимот за трансплантација на црн дроб, проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска и универзитетскиот професор Африм Османи.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата ја добија визуелниот уметник, проф. м-р Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски.

-Овој празник ги обединува генерациите кои се бореа и изборија за нашата слобода и за слободата на нашите идни поколенија. И после 130 години, 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба останува траен потсетник на вековните настојувања на Македонецот за сопствена држава во која секој човек без разлика на националната припадност ќе може слободно и достоинствено да ги гради и покаже своите творечки и професионални квалитети, изјави Мими Ѓоргорска Илиевска, претседателка на Одборот за доделување на државната награда.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Целта на секоја наредна генерација е да изоди чекор напред во зачувување на идентитетот

Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат

Mакедонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

Поетот Славе Димоски добитник на наградата „23 Октомври“

Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Катерина Ѓуровски