ДЛУМ најавува групна изложба „Метаморфоза“ под отворено небо

Од:

Групна изложба насловена „Метаморфоза“ ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, на неколку локации во централното градско подрачје: Дом на АРМ, плоштадот „Македонија“ и плоштадот „Филип Втори“.

Во проектот, чиј куратор е Христијан Санев (ликовен уметник и член на раководството на ДЛУМ), учествуваат авторите: Гордана Вренцоска, Исмет Рамиќевиќ, Деспина Крстевска, Филип Фидановски, Ели Аиноска, Јана Манева Чупоска и Јовица Мијалковиќ, кои ќе се претстават со дела работени во повеќе ликовни медиуми.

„Во ова брзо и хаотично секојдневие на интереси, уметниците се движат во две насоки: едната води кон човековото внатрешно, во потрага по приватни простори и лични идентитети, а втората кон надвор – неговата околина, во потрага по нови светови и нови хоризонти – вели Санев.

Посетителите ќе можат да ги видат делата до 24 часот. Некои од нив ќе можат да се посетат само во точно одредени термини: ликовниот перформанс на Јовица Мијалковиќ во 20.30 ч. на плоштадот „Филип Втори“, ликовно-театарскиот перформанс на Јана Манева Чупоска во 21 ч., во излогот на продавницата „Калиопе“ („Сити галери“), а ликовниот перформанс на Филип Фидановски во 22.30 ч. во ресторанот „Тиволи“ (ул. 11 Октомври, на плоштадот „Македонија“).

Другите дела ќе бидат достапни цела вечер. Изложбата ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

10486642_10204248960359395_412729528_n

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ