Џоана Роулинг бесна за откривање на псевдонимот под кој напишала крими роман

Од:

Писталката Џоана Роулинг, која се прослави со популарниот серијал за деца за Хари Потер и која во тајност напишала криминалистички роман под лажното име Роберт Галбрејт „The Cuckoo’s Calling“ (Повикот на кукавицата) многу е налутена, бидејќи се откри идентитетот на нејзиниот псевдоним, пренесуваат американските медиуми.


Роулинг го напишала романот  за Корморан Страјк, воен ветеран кој станал приватен детектив, што доби многу добри критики. Имено, партнер во адвокатската фирма „Раселс“, со кого таа соработувала, и ја кажал оваа „тајна“ на најдобрата пријателка на својата сопруга, а таа потоа  веста ја твитувала на социјалната мрежа Твитер, а целата вест на крајот дошла и до новинарите на „Сандеј тајмс“ кои одлучиле подетално да го истражат идентитетот на авторот, чиј прв роман се одликува со необична самоувереност и убедливост.


-Само мал број луѓе знаеја за мојот псевдоним и ми беше непријатно додека со денови се прашував како жена за која никогаш не сум слушнала открила нешто што дури ни моите стари пријатели не го знаеле, рече Роулинг, додавајќи дека е многу разочарана.


Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека сето ова е маркетиншки трик, но Роулинг и „Раселс“ тоа го дематираа.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ