Димитар Димоски е годинашен лауреат на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ

Од:

Охриѓанецот Димитар Димоски е автор на расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ што беше избран како најдобар на конкурсот за краток расказ „Живко Чинго“ за 2015 година.

Наградата од 30 илјади денари што ја доделува Општина Охрид на Димоски ќе му биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ што традиционално веќе 27 години се одржува на 13 август – роденденот на Чинго во охридското село Велгошти.

Инаку, Димитар Димоски е роден 1992 година во Охрид, дипломиран економист кој со пишување почнал активно да се занимава во последните неколку години. Добитник е на награда од конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за најдобар расказ во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска