Дигитална едиција на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“

Од:

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде промовирана дигиталната едиција на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

Станува збор за дигиталната едиција на 50 наслови од 39 автори, кои за својот поетски придонес се наградени со наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.

Минатата година беа одбележани двата големи јубилеи, 150 години од објавувањето на Зборникот на Миладиновци и 150 години од нивната смрт.

Како што информира директорот на библиотеката „Браќа Миладиновци“ Бранко Цветковски, за време на одбележувањето на овие јубилеа, дигиталниот оддел на библиотеката ветил дека ќе го реализира овој подвиг, а значењето на оваа дигитална едиција, според него, е од непроценлива вредност.

– Ова значи побрз пристап до електронската верзија на овие книги за учениците, наставниците, наставно-образовните институции, исто така и меѓу библиотеките. Едицијата ќе биде ставена на веб-страницата на библиотеката „Браќа Миладиновци“. Со тоа, таа станува и дел од сите потреби, отворен простор за пребарување и анализирање на овие многу значајни книги, кои се дел од македонското културно наследство, а без кои не може да се замисли ниту една антологија на македонската поезија, вели Цветковски.

Се работи за авторите од пострата генерација, како Матеја Матевски, Богомил Ѓузел, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, како и од помладата генерација, меѓу кои се Весна Ацевска, Никола Маџиров и други.

Според директорот на фестивалот Струшки вечери на поезијата Мите Стефоски, овој проект на скопската библиотека има големо значење за поетскиот фестивал бидејќи станува збор за најголемата награда за поетско творештво во Република Македонија.

– Го доживуваме како своевиден комплементарен проект на она што ние во претходните години го направивме со тоа што не ги преобразивме поетските книги од добитниците на наградата, туку направивме избор од творештвото на самите поети. Во претходните три години избор од творештвото на добитниците беше објавуван на англиски, француски и на германски јазик, објаснува Стефоски.

На денешната промоција во Скопје, ќе присуствуваат 29 автори од вкупно 39-те кои се застапени во едицијата. На свеченоста предвидено е обраќање на учесниците со рецитал од наградените книги.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска