Црногорската поетеса и феминистка Катарина Сариќ вечер, во 19 часот, ќе има онлајн дигитален поетски перформанс преку Скајп и Јутјуб. Модератор на разговорот ќе биде Драгана Евтимова, поетеса и преведувач.
Покрај поезијата од повеќе книги и циклуси, предвидени се и разговори меѓу Сариќ и Евтимова.
Продуцент е Иванка Апостолова Баскар, а иницијатор и организатор Македонски центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА. Покровител е Министерството за култура.
Заинтересираните можат да го следат настанот на следниот линк.