Диџејот Дерик Меј и Македонската филхармонија најавија невиден музички спектакл во Охрид

Од:

Љубителите на музиката вечер на Античкиот театар во Охрид ќе имаат несекојдневна можност да присуствуваат на музичко–сценскиот спектакл „Музика универзалис“ и настапот на легендарниот диџеј Дерик Меј со уметниците од Македонската филхармонија.

Според најавите на организаторот, станува збор за несекојдневно музичко доживување, фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, со настап на еден од пионерите на детроитската техно-сцена, во оркестарски аранжмани на нашиот музички уметник Емин Џијан. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе биде збогатен со магичниот звук на пијаното во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска.

Проектот е на продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец е  сопственикот на продукциската куќа, Огнен Узуновски – Оги, под покровителство на Министерството за култура. Концертот што е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најстариот национален ансамбл, концерт замислен како мала воздишка од класичната музичка програма што доминира на репертоарот на Филхармонијата, потрага по нови форми на презентација и нова публика во помладите генерации.

Дерик Меј е редовен гостин на домашните клупски сцени, почнувајќи од неговото прво гостување во 2000 година, за сега да има можност да се презентира во едно поинакво светло. Тој е еден од тројцата најзаслужни луѓе на светското технодвижење кои ги испробувале границите на духот на електронската музика и дале еден нов облик. Го нарекуваат Мајлс Дејвис на електронската музика, кој со својата музика ги освои сите европски и светски сцени и фестивали.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска