Девето издание на Роднокрајни поетски средби

Од:

На 20 април 2016 година (среда), во реновираниот простор на познатата „Сцена 112“ (спроти стариот театар), здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира деветтите по ред „Роднокрајни поетски средби“.

Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште поширокогледа платформа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домажини на 50тина локални автори и 10тина етаблирани поети од Македонија и странство.

Поетско читање по повод 2 години од постоењето на Светската унија на поети и Школата за поезија – делегација Македонија

На 25 април 2016 година се организира двегодишнина од постоењето на Светската унија на поети основана од страна на италијанскиот нобеловец за литература, писателот и поет Силвано Бортолаци. Како дел од истата функционираат делегации, односно школи за поезија (Scuola di poesia) во неколку држави во светот меѓу кои и Македонија, која почна да функционира во август 2015 година, по прогласувањето за амбасадор и претсавник за Македонија на македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов.

Во моментот во делегацијата на Македонија членуваат повеќе од 100 членови, а ова е нивен прв официјален настан. Настаните се закажани за 25ти април, и освен во Македонија слични ќе се одбележуваат и во неколку други држави во светот. Македонскиот носечки настан ќе се реализира со почеток во 20:00 часот, во прекрасниот новоотворен простор на првата грамафон кафетерија во Скопје „Vynil“, додека другиот наменет за средношколците ќе биде со награден карактер и ќе се реализира во просториите на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, во организација на проф. Јаготка Томовска.

Се најавува пријатна дружба со видео проекција, официјално читање поделено во два круга и секако, слушање на ретро македонска музика, по завршувањето на поетските рецитали, на грамафони, со диџеј кој специјално се подготвува за овој настан!

Освен овие настани е предвидено да се направи и првата е-книга во која ќе биде застапена авторска поезија од членовите на Школата за поезија, а истата ќе биде промовирана за време на настаните.

Креативна работилница за пишување во природа – „Природата – тоа сме ние“

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организира креативна работилница за пишување во природа заедно со учениците од ООУ „Даме Груев“ Куклиш кои се под менторство на проф. Александар Јанков.

За време на оваа настава во природа освен што учениците ќе имаат можност да научат нешто повеќе за заштита на природата, тие и активно ќе бидат вклучени во расчистување на локацијата каде ќе се одржи наставата, ќе имаат можност да дознаат многу важни насоки од тоа што значи да се грижиш за природата и да бидеш еколошки свесен, а покрај тоа ќе имаат можност да бидат инспирирани од самата средина и да научат како подобро да ги изразат своите чувства додека се во природа со помош на (за)пишување на сето тоа што ги опкружува и инспирира.

На оваа креативна работилница за пишување планирано е да присуствуваат 50 тина ученици, а освен учениците од Куклиш, присутни ќе бидат и учениците од подрачното училиште „Даме Груев“, Костурино.

Со доближувањето на учениците до таквиот пристап на восприемање на природата ќе се помогне истите да имаат поголема грижа за истата, да бидат поотворени кон зачувување на природните богатства, а воедно да бидат мотивирани истите да им бидат главен двигател во изразувањето и перцепцијата. Овој несекојдневен пристап ќе им помогне на учениците да развијат посебна одговорност кон природата и книжевноста, да бидат физички активни, да се премине стандардната и позната граница за зачувување и подобрување на условитеи да се бадмине сегашната состојба, која секојдневно се влошува.

Оваа работилница ќе покаже дека секој е дел од природата, дека секој кој ја освојува природата се освојува самиот себе, дека не постојат врвови, освен оние кои сами ќе си ги поставиме, дека земјата свири музика која можеме да ја слушнеме само кога сме внимателни, дека ние го злоупотребуваме светот затоа што го сметаме за нешто кое ни припаѓа нам и кога на светот гледаме како на заедница на која ние ѝ припаѓаме ќе бидеме дел од групата на луѓе кои помагаат да се надминат нашите разбирања.

Уништувањето на природата е своевиден директен начин на уништувањето на животот, со оваа активност здружението „Контекст Струмица“ ќе им помогне на учениците да ја погледнат другата страна, онаа која ја храни довербата дека сепак може да помогнеме сите ние и како индивидуи и како заедница да биде подобро.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска