Детскиот културен центар „Карпош“ го одбележува седумдеценискиот јубилеј

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје ќе одбележи седумдесет години континуирана работа.

За таа цел на денешната средба со медиумите ќе се обратат директорката на Детскиот културен Центар „Карпош“ Ружа Ѓорѓевска и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Пред точно 70 години почна со работа Пионерскиот дом „Карпош“ – симболот на културата во Скопје. За седум децении низ овој Дом поминале многу генерации кои преку посветена работа, со ангажман и труд дале придонес за континуираниот раст и развој, како и за подигнување на културата во Република Македонија. Во рамки на ова скопско култно архитектонско здание еминентни културни дејци ги поставиле столбовите на Драмскиот театар и Македонскиот балет.

Детскиот културен центар „Карпош“ денеска е културно-образовна институција каде се работи и вложува во децата кои се основата за градењето и збогатувањето на иднината.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театрска претстава „Плашливиот Лав“

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија