Детска програма „Креиераме заедно“ на Скопје филм фестивал

Од:

Во Кинотека на Македонија вечерва во рамки на „Скопје филм фестивал“ продолжува детската програма „Креиераме заедно“, која се се реализира во соработка со Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје.

Филмската програма за деца е синхронизирана на македонски јазик, со адаптиран превод за лица со оштетен слух.

Програмата „Креираме заедно“, како што соопшти организаторот, вклучува и учениците со и без попреченост од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица, а вчера вечер во фоајето беа изложени фотографии и цртежи изработени од учениците.

Според Мимоза Петреска Георгиева, претседател на здружението „Сината птица“, со овој проект сакаме да иницираме и поинаков начин на вклучување на луѓето со попреченост во културните манифестации не само како пасивни реципиенти туку и како креатори на културните содржини.

На 20. издание на Скопје филм фестивал вчера премиера имаше новиот македонски игран филм „Ах љубов моја“ на режисерот и сценарист Коле Ангеловски.

Ова е трет игран филм на Ангеловски, првиот беше „Колнати сме, Ирина“ во 1973, а овој доаѓа 29 години по култната комедија „Викенд на мртовци“. А Ангеловски рече оти се надева дека оваа нова македонска комедија ќе ја освежи домашната кинопублика.

Во главите улоги ги видовме младте актери Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ , Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, како и Марија Кондовска, Ердоан Максут, Кристина Ласовска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Едмонд Сотир, Андон Јовановски.

Директор на фотографија е Роберт Јанкулоски. Сценограф е Илина Ангеловска. Костимографи се Лира Грабул и Раде Василев. Монтажата е на Блаже Дулев. Дизајнер на звукот е Дарко Спасовски – Пацки. Музиката е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.

Вечерва на репертоарот на Скопје филм фестивал во Кино Милениум е „Пеколен портокал“ на Стенли Кјубрик, додека утре во Скопје пристигнува специјалниот гостин на фестивалот, Јан Харлан, извршниот продуцент на славниот Стенли Кјубрик.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он