Десетти Фестивал на новиот германски филм

Од:

Со филмот „Два живота“ во режија на Георг Мас од 2013 година вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 10-тиот Фестивал на новиот германски филм, на кој до 16 октомври ќе бидат прикажани 14 филмови од различни жанрови. Покрај Скопје, избор филмови од јубилејниот фестивал ќе бидат прикажани уште во девет градови низ Македонија.

Филмот „Два живота“, кој беше номиниран за Оскар, раскажува за историските настани пред 25 години, падот на Берлинскиот ѕид и промената на системот во Германија. Во улогите се Јулиане Келер, Лив Улман, Свен Нордин….

На годинашната програма се и играните филмови „Фак ју Гете“ (комедија што ќе има две проекции, на 11-ти и на 16 октомври), „Паркот на среќата“, „Родители“, „А утре напладне сум мртва“, „Мажите на Емден“, „Жената што се одважи“, биографскиот „Хана Арент“, трилерите „Банкарката“ и „Слепа точка“. Ќе има и два документарни: „На крајот на Млечниот Пат“ и „Германија од горе“, како и два филма за деца: „Рики“ и „Спутник“.

Филмските проекции ќе бидат во кино „Фросина“ во термините од 19 и од 21 часот, освен филмот за отворање кој е во „Милениум“, каде што ќе бидат прикажани и двата филма за деца во деновите на викендот (11-ти и 12 октомври) од 13 часот. Влезниците се по цена од 100 денари.

Фестивалот и годинава има мото „Сакам филм“ и го организира Амбасадата на Германија во Скопје во партнерство со банката со германски капитал ПроКредит.

Организаторите се задоволни од посетеноста на Фестивалот на новиот германски филм, така што од три града на почетокот, на ова издание тој ќе гостува во девет: Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он